Англија
Артета ја прекина ужасната серија: Арсенал конечно го победи Сити во Премиер лигата (Видео)

По 12 последователни порази во Премиер лигата и по многу неуспешни обиди, Микел Артета конечно пронајде начин да ја урне катастрофалната серија против Манчестер Сити и денеска се израдува на голема победа на „Емирејтс“.
Арсенал и Сити го одиграа големото дерби во ударниот неделен термин од 17:30 часот, па иако се водеше кон тоа дека ќе видиме натпревар без голови, во самата завршница дојде до промена на резултатот.
Со оглед виденото на теренот, Арсенал беше оној кој повеќе ја сакаше победата и беше подиректен во второто полувреме, па на крајот доби и награда за таквиот пристап со доста среќа.
Мартинели биеше кон голот и одбиената топка целосно го измами Едерсон, па ова донесе огромно славје на трибините на „Емирејтс“, стадион на кој навивачите одамна немаа почувствувано победа над актуелниот првак.
Прекинот на серијата од 12 порази во домашното првенство носи дополнителна сатисфакција и поради бодовното салдо, кое сега вели дека Арсенал го престигна Сити и е израмнет на првото место со градскиот ривал Тотенхем (20 бодови, Сити има 18).
🚨🚨| GOAL: MARTINELLI SCORES IN THE 86TH MINUTE.
Arsenal 1-0 Manchester City
— CentreGoals. (@centregoals) October 8, 2023
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Балканпред 24 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…