Поврзете се со нас

Англија

Артета излезе со прва изјава за проблемите на Сака и Мартинели

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал игра страшно ефикасен фудбал во последно време и тоа продолжи да го прави и на „Брамал Лејн“, каде вчеравечер до врв ја наполни мрежата на Шефилд Јунајтед.

Гостите од Северен Лондон водеа со 0:3 по само 25 минути игра, а на крајот победија со 0:6 и уште еднаш ги задоволија своите фанови со се што прикажаа на теренот.

Микел Артета може да биде горд што неговите фудбалери постигнаа 21 гол на последните четири меча, но новинарите пронајдоа и две причини за грижи, бидејќи натпреварот не го доиграа Букајо Сака и Габриел Мартинели.

Првиот беше изваден уште на полувреме, додека Мартинели не можеше сам да го напушти теренот и му беше потребна асистенција од соиграчите.

– Нема потреба од паника, не се работи за ништо сериозно. Букајо беше болен во текот на неделата и добро ќе му дојде одмор. Со Мартинели имавме мала незгода. Тој има расекотина на стапалото од старт кој го доби. Има мала расекотина и ќе видиме како ќе се справи со тоа, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни