Поврзете се со нас

Англија

Артета излезе со изненадувачка изјава во најавата за големото дерби на „Итихад“

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал две сезони по ред остана покус во намерата да го детронизира Манчестер Сити од врвот во Англија, а „топчиите“ силно веруваат дека тоа ќе им појде од рака во третиот обид.

Микел Артета е уверен дека овој негов тим е подготвен да го направи последниот чекор и да ја освои титулата во Премиер лигата, трофеј за кој навивачите од Северен Лондон чекаат веќе 20 години.

Арсенал забележа три победи на првите четири меча во Премиер лигата на стартот на новата сезона, но сега во петтото коло ќе го има најголемиот предизвик бидејќи ќе му гостува на директниот ривал за титулата.

Манчестер Сити утре ќе биде домаќин на дерби дуелот на „Итихад“, а во најавата за истиот, менаџерот Артета изненади со својата изјава со која откри дека се подготвува за овој натпревар уште од пресезоната.

– Се подготвуваме за овој меч од пресезоната, се подготвуваме неколку месеци. Го знаеме календарот одамна и знаевме дека ќе биде многу чудно да се игра против нив во овие услови. Имаме три големи меча во период од една недела и затоа моравме да се подготвуваме со месеци. Се подготвувавме физички, ментално, но и тактички, – изјави Артета, кој очекува да има поточни вести за повредениот Мартин Одегард во текот на следната недела.

– Мора да пратиме како еволуира работата и ќе направиме преглед следната недела. Треба да се види реакцијата на зглобот, по што докторите ќе одредат кога ќе може да се врати на теренот, – порачува Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни