Англија
Артета избега од интервјуто за „Скај“ откако доби прашање за титулата (Видео)

Шампионската битка во Премиер лигата полека доаѓа до самиот крај, откако Арсенал не успеа да победи и на трет меч во низа во домашното првенство.
Денешното реми со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ значи дека тимот на Микел Артета има 15 бодови помалку од лидерот Ливерпул, па за многумина прашањето околу тоа кој е нов англиски шампион е веќе завршено.
Артета во неколку наврати порача дека ќе се бори до последен ден и дека ќе се откаже дури во моментот кога ќе нема математички шанси, но неговото однесување денеска јасно става до знаење дека и на него му е јасно дека губи уште една битка со директен ривал за трофејот.
Менаџерот на Арсенал избегал од интервјуто со „Скај Спортс“ по ремито со Јунајтед на театарот на соништата, откако претходно одговорил дека кризата на „топчиите“ не се должи на тоа што не купија напаѓач во јануари.
Новинарот на „Скај Спортс“ побара од Артета да му одговори на последното прашање поврзано за шампионската битка, по што Шпанецот решил да ја напушти микс-зоната.
Mikel Arteta man 😂😂 pic.twitter.com/AAC40Fljfp
— WelBeast (@WelBeast) March 9, 2025
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)