Поврзете се со нас

Англија

Артета им одговори на критичарите за прославата против Ливерпул: Уживав во тоа!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал минатото коло оствари важна победа во дербито со Ливерпул, а менаџерот Микел Артета заработи критики поради прославата на еден од погодоците на својата екипа.

Шпанскиот менаџер еуфорично трчаше покрај аут-линијата на „Емирејтс“ по голот кој ја потврди победата, а по средбата заработи критики за своето однесување не само од противничките фанови, туку и од Гери Невил и Џејми Карагер.

Во пресрет на новиот настап на Арсенал, Артета истакнал дека не се согласува со критиките.

– Лично, уживав во тоа што го направив.

– Носи посебна страст и уживање во играта кога се прави природно и на уникатен начин.

– Ми се допаѓа тоа што го направив, во минатото сум видел други менаџери на колена на нашиот стадион и на гостувањата. Сум видел многу големи тренери како влетуваат на теренот, но тоа е само мое мислење и не мора да биде точно, – рекол Артета.

Арсенал викендов му гостува на Вест Хем со два бода заостанување зад лидерот Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни