Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Артета и Консеисао се „зајадоа“ во прес-центарот: Тој е од школата на Гвардиола!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Натпреварот меѓу Порто и Арсенал беше на добар пат да биде целосно разочарување за сите фудаблски фанови, но крилото Галего се погрижи за завршна ерупција на „Драгао“ и огромна победа на домашниот тим.

Порто изгледаше инфериорно во најголем дел од мечот и главно беше ориентиран на одбрана, меѓутоа мора да се признае дека тимот на Консеисао ја имаше најдобрата шанса во првиот, но и во вториот дел.

На крајот пресуди мајсторијата на Галего во 94-та минута и со овој гол Порто ќе започне со предност на ревашот во Северен Лондон, кој дефинитивно ќе биде „жежок“ и поради изјавите на двајцата тренери.

Микел Артета и Серхио Консеисао се „зајадоа“ во прес-центарот и излегоа со сосема спротивставени ставови, особено откако менаџерот на Арсенал го доведе во прашање пристапот на ривалот.

– Навикнати сме да играме против вакви тимови кои се бранат со низок блок, тоа го доживуваме и во Премиер лигата. Тоа особено беше така во првото полувреме. Тоа беше нивната тактика и мора да научиме од овој пораз. Ќе мора да бидеме многу подобри на реваншот. Најдобра наша страна беше ставот кој го имавме на теренот. Ние сакавме да играме фудбал, а противникот не. Се соочивме со толку низок блок и со тим кој не сакаше да игра фудбал. Нешто слично ќе не чека и на реваншот, – изјави Артета, а овие негови зборови не му се допаднаа на Консеисао.

– Тоа е негово мислење и може да каже што сака. Тие сакаа да играат, ние сакавме да победиме. Артета е од школата на Гвардиола, тренерот кој има најмногу титули во светот. Тие мислат дека поседот е најдобриот начин за да го победите противникот, но тоа зависи од ривалот понекогаш. Ние имавме 40 проценти посед на топката, не беше нешто драматично ниско и не беше скандалозно. Немаше да ми пречи и да имаме 30 проценти посед, а на крајот да победиме. На крајот се зависи од тоа што ќе го направите со топката, треба да ја погодите стратегијата со постигнати голови, – возврати Консеисао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни