Поврзете се со нас

Англија

Артета гори од желба да го прекине „проклетството“ на „Олд Трафорд“: Време е за победа против Јунајтед

Објавено

на

Утре на програмата е големото англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал, натпревар кој ќе ги наврати спомените во минатото, бидејќи актуелни менаџери на тимовите се двајца поранешни играчи.

И Оле Гунар Солскјер и Микел Артета добро знаат што значи да се играат вакви дерби натпревари, со тоа што шпанскиот стручњак гори од желба да стави краја на проклетството кое го прогонува тимот од Северен Лондон на гостувањата кај лутиот ривал.

Арсенал не знае за победа на „Олд Трафорд“ цели 14 години, односно од моментот кога во 2006-та година славеше за последен пат на театарот на соништата.

– Ќе биде одлично ако го победиме Јунајтед. Мислам дека пројдоа 14 години откако Арсенал нема славено на гостински терен против Јунајтед. По поразот од Лестер во минатото коло, ќе биде совршено сценарио да одиме на „Олд Трафорд“ и да се радуваме на победа после толку долго време.

– Не сум загрижен од последниот пораз поради една причина. Чувствувам дека има напредок во мојот тим, на последните натпревари одлучуваа нијанси. Ќе пробаме да бидеме уште подобри против Јунајтед и да победиме. Мора да бидеме подготвени на се, Јунајтед игра со три формации под водство на Оле Гунар Солскјер, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни