Поврзете се со нас

Англија

Артета го добива она што го посакуваше: Арсенал и Сити договориле трансфер вреден 45 милиони фунти

Објавено

на

Екипите од Премиер лигата се најмоќни и стојат најдобро кога се во прашање финансиите од Топ 5 лигите во Европа, па затоа не е изненадување што е доста раздвижено особено вечерва каде според информациите паднаа три трансфери.

Прво Манчестер Сити успеа да се разбере со Лидс Јунајтед за услугите на Калвин Филипс, потоа Њукасл успеа да го победи Милан и да го добие потписот на Свен Ботман за да сега познатиот и реномиран новинар Фабрицио Романо да извеси дека „граѓаните“ и Арсенал си подале рака за трансферот на Габриел Жежус.

Според негови извори последниот состанок бил успешен, двете страни се договориле за загарантирани 45 милиони фунти. Сега останува „топчиите“ да се разберат со Бразилецот околу личните примања за да се затвори зделката.

Окулу ваквото сценарио претходно се огласи и „Дејли Мејл“ кој пренесе дека очекува во следните седум до десет дена Жежус да стане играч на Арсенал што дефинитивно е знак дека напаѓачот се сели во Лондон.

Претходно премиерлигашот ги ангажираше Маркињос и Фабио Виеира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни