Поврзете се со нас

Англија

Артета го чува најдоброто за крај: 100 милиони евра за играч со кој ќе нема изговор во битката за титулата

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал и минатата сезона беше блиску да ја прекине серијата на Манчестер Сити, но уште еднаш за малку го испушти толку посакуваниот трофеј во Премиер лигата.

Менаџерот Микел Артета има квалитетен состав, истиот веќе го засили со Рикардо Калафиори, а се чини дека го чува завршниот удар за финишот на преодниот рок.

Англиските и италијанските медиуми тврдат дека „топчиите“ повторно се активирале на тема Виктор Осимен и ќе испратат богата понуда до Наполи за нигерискиот напаѓач.

Осимен веќе му најави на својот клуб дека сака да замине, досега се поврзуваше со ПСЖ и Челси, но Арсенал може да ја преземе предноста ако биде поконкретен и успее за краток период да ги реши сите дилеми кои постојат кај фудбалерот и Наполи.

Наполи бара 130 милиони евра, но Арсенал може да се доближи до таа сума со вметнати бонуси во договорот, како и користејќи го фактот што преодниот рок финишира, а Осимен не е заинтересиран да остане во Серија А.

Артета досега имаше дефицит на напаѓачките позиции и со голгетерски профил каков што е Осимен ќе нема никаков изговор доколку не успее да го прекине постот на Арсенал во Премиер лигата.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни