Поврзете се со нас

Англија

Артета ги потврди лошите вести за најмалерозниот играч во неговиот тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал рано испадна од Карабао Купот и остана без шанса да се бори за една титула оваа сезона, откако во градското дерби излезе како понеуспешен тим во дуелот со Вест Хем.

„Чеканите“ победија со 3:1 и се пласираа во следната рунда во Куп натпреварувањето, а Микел Артета кој тактизираше доста за овој дуел, јасно стави до знаење дека приоритет му се другите натпреварувања.

Менаџерот на Арсенал се обиде да одмори дел од најактивните ѕвезди, но проблем се јави поради тоа што во стартниот тим немаше играч кој беше најавен меѓу почетните 11.

Емил Смит Роу го имаше првиот старт во Премиер лигата после една година на мечот со Шефилд Јунајтед, но наместо да врзе два меча во низа, талентираниот фудбалер уште еднаш потврди дека го следи голем малер.

Офанзивниот играч заработил повреда на коленото на еден од последните тренинзи пред дербито со Вест Хем, а Артета за жал потврди дека повторно ќе биде надвор од стројот неколку недели.

– Мора да ги потврдиме лошите вести. Емил заработи повреда на коленото и ќе биде во аут неколку недели, – изјави Артета.

Смит Роу пред две сезони беше еден од најдобрите во тимот на Арсенал и му се предвидуваше светла иднина во тимот на Артета, но откако лани цела сезона беше одбележана од тешки повреди, за жал тој не може да крене глава и на стартот на новата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни