Англија
Артета ги објасни своите чудни измени во неочекуваното реми со Евертон
Арсенал пропушти нова голема шанса да му се доближи на Ливерпул на првенствената табелата, а од друга страна, му овозможува на Челси да се одлепи на втората позиција во случај ако „сините“ утре победат против Брентфорд.
„Топчиите“ на трет натпревар во низа во Премиер лигата не постигнаа гол од игра, но овојпат беа неуспешни при прекините и така врзаа второ реми по она со Фулам.
Евертон успеа да издржи на „Емирејтс“ и си замина во Ливерпул со почетниот резултат, а во ситуација кога Арсенал очајнички бркаше прв гол кој ќе го „скрши“ противникот, Микел Артета направи две чудни измени, вадејќи ги од игра Деклан Рајс и Мартин Одегард.
Двајцата беа први повлечени играчи од Шпанецот по еден час игра, па Микел мораше да даде објаснување за ваквиот свој потег.
– Морав да го извадам Деклан поради тоа што почувствува некој проблем, а во случајот со Мартин немаше ништо. Тоа беше моја тактичка одлука, се обидов да го променам ритамот со друг играч.
– Ако Етан влезеше и постигнеше гол, тоа ќе беше супер измена, но кога не се случува тоа, сите прашуваат зошто го вадите капитенот. Таков е фудбалот, замените се користат за да се обидете да му помогнете на тимот, – изјави Артета.
-
Светски првенства23 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства21 час
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија22 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија24 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Светски првенства10 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
Свет23 часа
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)
-
Шпанија24 часа
Ѕвездата покажа класа: Дресот на Мбапе заврши кај младо детенце од Гостивар (Видео)
-
Шпанија22 часа
Угледно шпанско радио: Анчелоти става крај на етапата во Реал