Поврзете се со нас

Англија

Артета ги израдува навивачите на Арсенал со вест за повратник на тренинзите

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Арсенал се подготвува за тежок наптревар против Њукасл во Премиер лигата, но зад аголот е и тежок меч во Лигата на шампионите, оној против италијанскиот првак Интер.

„Топчиите“ утре ќе имаат незгодно гостување на „Ст. Џејмс парк“ и Артета е свесен дека ќе му биде потребно најдобро издание на неговите фудбалери, но менаџерот на Арсенал говореше и за состојбата на неколку клучни фудбалери, особено за Мартин Одегард и Рикардо Калафиори.

Шпанецот посочи дека двајцата нема да стигнат навреме за овој дерби меч во Англија, но дефинитивно одлична е веста која ја соопшти Артета за својот капитен.

Артета е во аут речиси два месеци после незгодната повреда која ја заработи во септемврискиот репрезентативен циклус, но Микел сега најави дека тој е во завршна фаза и не го исклучува од комбинација за мечот со Интер.

– Одегард е во завршна фаза и веќе почна да работи со нас. Ќе видиме како ќе се справува со болка, дали ќе може природно да се движи и дали е физички подготвен да се наптреварува веднаш.

– Знаејќи како работеше и колку часови мина во напорна раобта, нема да бидам изненаден ако биде подготвен за игра. Се надеваме дека многу брзо ќе биде со нас на терените, – изјави Артета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни