Англија
Артета: Едно е да ја заслужиш победата, друго е да победиш!
Арсенал не ја продолжи победничката серија и освои само бод во градската лондонска пресметка со Фулам во Премиер лигата.
„Топчиите“ посакуваа триумф со кој ќе направат дополнителен притисок врз лидерот Ливерпул на кого му беше одложен мечот против Евертон од оваа рунда. Меѓутоа Арсенал одигра само 1-1 со тоа што на крајот беше многу блиску и до освојување на целиот плен, даде втор гол на „Крејвен Котиџ“, ама истиот беше поништен поради офсајд на Мартинели.
-Едно е да ја заслужуваш победа според се покажано, друго е да победиш. Многу сме разочарани што не победивме, апсолутно доминиравме во играта од почеток до крај, ги направивме сите работи што сакавме да ги направиме во текот на натпреварот. За жал, примивме еден гол. И тоа е квалитетот на оваа лига. Напаѓавме и се боревме до крај, но не бевме наградени за ваквата игра.
-Требаше да постигнеме гол на други начини бидејќи навистина имавме многу шанси. Повторувам, направивме многу против противник против кој страдаат многу тимови, направивме многу добри работи во текот на натпреварот, но едноставно не го постигнавме вториот гол, -истакна Микел Артета притоа говорејќи и за поништениот гол на Сака.
-Видов дека Сака не е во офсајд, но во тој момент не можев точно да видам каде е Мартинели, -истакна шпанскиот стручњак.
-
Светски првенства13 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија19 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија13 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства13 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија22 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија18 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија18 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Шпанија17 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!