Поврзете се со нас

Англија

Артета доби лоша вест од репрезентативниот камп на Англија (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Букајо Сака е клучен играч за Арсенал и се истакнува како фудбалер кој прави најголема разлика во нападот, па токму поради тоа вечерашната вест предизвика голема паника меѓу фановите на клубот од Северен Лондон.

Англиската Фудбалска асоцијација излезе со официјално соопштение и објави дека Сака е испратен во Северен Лондон, откако било утврдено дека тој не може да настапи на претстојните два пријателски меча со Бразил и Белгија.

Во соопштението се вели дека Сака пристигнал во репрезентативниот камп со повреда, а бидејќи станува збор за проблем кој може да ја влоши целата ситуација, одлучено е тој да отпадне од списокот на Герет Саутгејт.

Англичаните појаснуваат дека нема да биде повикан друг фудбалер на местото на Сака, но сега далеку поважно ќе биде соопштението кое ќе го испрати Арсенал.

Навивачите на клубот се надеваат дека не станува збор за подолга пауза, бидејќи прв меч на Арсенал по репрезентативната пауза оној против Манчестер Сити на „Итихад“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни