Поврзете се со нас

Англија

Артета доби една лоша вест од големата дерби победа: Не знам што се случи на крајот

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Микел Артета се соочи со доста проблеми со повредени фудбалери пред денешното големо дерби против Тотенхем, но актуелниот англиски вицешампион и во такви услови покажа дека е подобар од лутиот ривал.

„Топчиите“ успеаја да слават со единствениот гол на Габриел и уште еднаш демонстрираа завидно добра поставеност во дефанзива, но и во такви убави услови, менаџерот на Артета на крајот имаше причини за грижи.

Асистентот Букајо Сака седна на земјата и побара измена од својот менаџер, а со оглед на важните дуели кои следат во текот на следнава недела, јасно е дека Англичанецот ќе биде во трка со времето за настап против Аталанта, но уште поважно со Манчестер Сити.

Артета би добил голем удар доколку не може да смета на Одегард и Сака против актуелниот шампион Сити, па јасно е дека наредните неколку дена ќе бидат будно следени од сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за здравствената состојба на двете ѕвезди.

– Навистина не знам што се случи со Сака. Јас веќе направив две измени во нападот, а одеднаш тој падна на земја и побара измена. Не знам за што точно се работи, се уште не дознав каков е проблемот, но едноставно тој не можеше да продолжи. Ќе видиме за што станува збор во наредните денови, – изјави Артета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни