Поврзете се со нас

Англија

Артета: Дербито со Тотенхем може да биде одложено

Објавено

на

Иако долго време играше со играч помалку тимот на Арсенал се избори за позитивен резултат и реми со Ливерпул (0-0) во првиот полуфинален меч од англискиот лига Куп.

„Топчиите“ се соочија со доста проблеми пред самиот меч, а на истиот поради повреди ги загубија Соареш и Сака, црвен картон доби Џака, па менаџерот Микел Артета најави дека можеби нема да можат да играат против Тотенхем, поточно дека постои можност градското дерби закажано за 16 јануари да биде одложено поради немање на доволен фонд на играчи.

-Одложување е можно на секој натпревар, од наша страна и од противничката страна со проблемите што ги имаат сите и тоа се случува секоја недела. Ние ќе се обидеме да го подготвиме натпреварот размислувајќи дека ќе играме.

-Дојдовме овде и ни недостасуваа девет или десет играчи. Не знаеме што да очекуваме следниот ден, па не можеме да гледаме на тоа. Не можеме да го користиме како изговор. Мора да играме игри, тоа е наша работа и може да се смени да бидеме во потешка позиција. Но, имаме играчи за кои решив да играм и ќе се обидеме да го сториме истото во недела, -истакна Артета.

Спорад правилата во ПЛ екипите мораат да имаат најмалку 14 играчи (13+голман) за да можат да играат на натпреварите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни