Поврзете се со нас

Англија

Артета: Арсенал како Стоук? Тоа е…

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Арсенал го очекува градско соочување со Фулам во новото коло во Премиер лигата, меч на кој „топчиите“ немаат право на грешка затоа што веќе заостануваат седум бода зад лидерот Ливерпул кој во оваа рунда пак оди на мегдан со Евертон.

Стандардно Микел Артета имаше прес конференција пред новиот натпревар каде имаше можност да одговори на доста прашања, теми, а меѓу нив беше и споредбата која Димитар Бербатов ја направи за Арсенал по дербито со Манчестер Јунајтед порачувајќи дека тие се новиот Стоук.

Бербатов: Арсенал е новиот Стоук!

-Многу добро разбрав што кажа Бербатов. Тоа беше на најдобар можен начин. Ќе го сфатиме како голем комплимент, 100 проценти, -рече кој пак за репутацијата на Арсенал како кралеви на прекините порача:

-Па, сакаме да бидеме кралеви на сè, на прекини, најдобри во светот, на висок пресинг, напаѓање на отворени простори, најдобри во светот. Најдобра атмосфера и стадион, најдобри во се. Пред тоа не постигнувавме доволно голови, не предизвикувавме, не победувавме големи натпревари 20 години. Сакаме да бидеме најдобри во се.

-Најдобра академија, најдобар индивидуален развој за играчите. Сакаме да бидеме најдобри од најдобрите. Да ги носиме најдобрите играчи, тренери, тоа е целта, -заврши Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни