Англија
Артета: Ако од 1000 натпревари мораш да загубиш еден…

Арсенал не го одбрани домашниот терен и доживеа пораз од Манчестер Јунајтед во ФА Купот што воедно значеше елиминација на „топчиите“ уште во раната фаза на ова натпреварување или поточно во третата рунда.
„Топчиите“ ги имаа сите услови за позитивен резултат, играч повеќе на теренот од 61 минута, израмнувачки гол на Габриел во 63, пенал кој не беше реализиран од страна на капитенот Одегард во 72 минута, плус уште неколку шанси во основниот дел и потоа во продолженијата за да потоа во пенал рулетот загубат со 5-4.
Овој неуспех е удар за клубот од северен Лондон кој неколку дена претходно загуби и од Њукасл во полуфиналето на Лига Купот.
-Сето ова е неверојатно! Сите на крајот го мерат вашиот учинок врз основа на конечниот резултат, иако вие сте „милијарда проценти“ заслужиле да победите. Ги сакам моите играчи и сакам колку се добри и што прават затоа што ако од 1.000 натпревари треба да изгубите еден, веројатно е овој. Продолжуваме понатаму, немаме време да гледаме назад, бидејќи веќе имаме голем натпревар во среда.
-Тоа е фудбалот, работите треба да одат по свој пат, а тоа не беше во овој случај. Пеналите се како фрлање паричка, знаете дека може да заврши било како, -порача менаџерот Микел Артета.
-
НБА13 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан12 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)