Англија
Арсенал водеше, но Емери повторно ги разочара фановите на „Емирејтс“ (Видео)

Арсенал втора сезона по ред губи важни бодови во битката за титулата во натпревар против Астон Вила, и тоа повторно на домашен терен на „Емирејтс“.
„Топчиите“ минатата сезона претрпеа клучен пораз од тимот на Унаи Емери во завршницата од сезоната со резултат 0:2, додека денеска избраниците на Микел Артета не профитираа и покрај фактот што стигнаа до навидум комотна предност.
Габриел Мартинели и Каи Хаверц донесоа убаво водство за Арсенал и изгледаше дека домаќините се на пат да запишат триумф, но наместо тоа, гостите од Бирмингем се вратија со два брзи голови и на крајот одново ги фрустрираа фановите од Северен Лондон.
Вториот гол на Хаверц пристигна во 55-та минута, но до 68-та веќе беше 2:2 бидејќи Астон Вила целосно се врати со погодоците на Тилеманс и Воткинс.
Блицкригот на гостите дефинитивно му зададе тежок удар на домашниот тим, па на Арсенал му беше потребно некое време да се прибере, пред да иницира завршен налет.
Микел Мерино постигна гол за 3:2 во 87-та минута, но истиот беше поништен поради играње со рака на Хаверц, па така резултат 2:2 остана важечки на семафорот, па Арсенал направи нов чекор назад во битката за титулата во Премиер лигата.
„Топчиите“ сега имаат шест бодови помалку од Ливерпул, но „црвените“ имаат и натпревар помалку во ракав.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)