Поврзете се со нас

Англија

Арсенал влезе во добра серија, совладан тимот на Астон Вила (Видео)

Објавено

на

Екипата на Арсенал по лошиот старт на сезоната влезе во една добра серија во која немаат пораз на шест натпревари со ред.

На денешниот, прв натпревар од деветтото коло од англиската Премиер лига, Арсенал со 3:1 славеше против Астон Вила.

„Топчиите“ ја забележаа четвртата победа во последните шест средби на кои се без пораз и сега веќе се искачија на шестото место со 14 бодови, исто колку што имаат и Манчестер Јунајтед, Вест Хем и Евертон.

Избраниците на Микел Артета одиграа одличен натпревар и сосема заслужено стигнаа до победата до која ги дојдоа со головите на Парти, Обамејанг и Смит Роу.

Единствениот утешителен погодок за Астон Вила беше дело на младиот Џејкоб Ремзи кој ја затресе мрежата на Рунарсон во 82. минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни