Поврзете се со нас

Англија

Арсенал тргнува во офанзива за потписот на Бензема

Објавено

на

foto:twitter.com/ittihad_en

Карим Бензема е еден од фудбалерите кои веќе бараат излез од Саудиска Арабија, а медиумите веќе почнаа да го поврзуваат со заинтересирани клубови.

Французинот веќе навестил дека сака враќање во Европа, а тоа првично би било во вид на заем, при што „ТимТок“ тврди дека блиску до договор со Бензема е Арсенал.

„Топчиите“ имаат потреба од освежување во нападот, бидејќи Жезус, Нкетија и Хаверц не го користат целиот офанзивен потенцијал на екипата, па искуството на Бензема може да биде пресудно во подобрување на резултатите на екипата која има шампионски амбиции. Арсенал може да го реализира ова само со заем, а исто така и фудбалерот ќе мора да се откаже од дел платата која ја добива во клубот од Џеда.

Истиот медиум тврди дека најсериозен ривал на Арсенал може да му биде Челси, клуб кој исто така има потреба од засилување на оваа позиција, иако менаџерот Маурисио Покетино пред новинарите тврдеше дека не инсистира да биде доведен нов играч во јануари.

Првенството на Саудиска Арабија ќе продолжи по крајот на Азискиот куп, а Бензема веќе го налути тренерот Марсело Галјардо откако не се појави навреме на почетокот на подготовките за вториот дел од сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни