Поврзете се со нас

Англија

Арсенал со „петка“ против Кристал Палас (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Арсенал оствари убедлива победа над Кристал Палас од 5-1 во последниот натпревар од денешната програма во англиската Премиер лига.

„Топчиите“ пред неколку дена го добија лондонскиот ривал со 3-2 во Лига Купот, но вечерва беа далеку поубедливи, посигурни на соочувањето на „Селхрст Парк“.

Првиот дел донесе четири гола и водство на гостите од 3-1 благодарение на погодоците на расположениот Жезус (2) и Хаверц, додека за домаќините стрелаше Сар.

Мартинели во 60 минута го однесе Арсенал на плус три за да Рајс во 84 го постави конечниот резултат (ТУКА можете да ги погледнете сите голови)

Сега избраниците на Артета имаат еден бод помалку од Челси и три од Ливерпул, но „сините“ и „црвените“ допрва ќе ги играат средбите од оваа 17. рунда.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни