Англија
Арсенал со минимален триумф до второ место во Премиер лигата (ВИДЕО)
Составот на Арсенал оствари минимален триумф над Ипсвич од 1-0 во завршниот меч од 18. коло во англиската Премиер лига.
Домаќините важеа за апсолутни фаворити на средбата на „Емирејтс“, па иако тој статус резултатски го оправдаа сигурно многумина очекуваа поефикасна игра и поубедливо славје на избраниците на Микел Артета.
Меѓутоа во овој згуснат распоред и натпревари кои се играа постојано секој триумф е повеќе од значаен, а овој вечерашниот му го донесоа на Арсенал второто место на табелата или поточно беше прескокнат Челси кој вчера киксираше во средбата со Фулам.
Клучниот момент на денешниот меч се случи во 23 минута кога Хаверц се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата на гостите.
„Топчиите“ имаат шест бода помалку од лидерот Ливерпул, следниот предизвик за нив е на стартот на 2025 година кога му гостуваат на Брентфорд.
-
АТП13 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија22 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија20 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија23 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП19 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)