Поврзете се со нас

Англија

Арсенал сериозно го засили својот тим, Мартин Одегард нов член на „топчиите“

Објавено

на

Од таборот на Арсенал предмалку и официјално го потврдија ангажманот на фудбалерот на Реал Мадрид, Мартин Одегард.

Младиот норвешки фудбалер на „Емирејтс“ пристигнува на шестмесечна позајмица по која Арсенал нема да има право на целосен откуп на неговиот договор.

– Одлично е што го обезбедивме Мартин до крајот на сезоната. Мартин е играч кој сите го знаеме многу добро и иако е многу млад веќе има играно на врвно ниво. Ќе ни донесе квалитет во офназивниот дел од играта и ние сме возбудени што ќе го имаме во нашите планови, -изјави Микел Артета.

Одегард пак истакна дека со трансферот во Арсенал му се остварил сонот да заигра во Премиер лигата, лига која доста се следи во Норвешка.

– Ова е најголема лига, посебно во Норвешка се следи многу. За мене отсекогаш било сон да играм во ПРемиер лигата. Ми се допаѓал стилот на игра на Арсенал отсекогаш, па ова е остварување на сонот за мене на многу начини, -нагласи Одегард по официјализирањето на договорот.

Новото засилување на Арсенал следните шест месеци ќе го носи дресот со број 11.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни