Поврзете се со нас

Англија

Арсенал се моли за здравјето на својот поранешен напаѓач (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Англиските медиуми ја пренесоа загрижувачката вест за здравствената состојба на Кевин Кембел, поранешниот напаѓач на Арсенал кој во моментов се бори за својот живот во една англиска болница.

Долгогодишниот член на Арсенал бил префрлен во болница во доста тешка состојба поради откажување на бубрезите и медиумите не откриваат повеќе детали за да се заштитите приватноста на легендарниот голгетер, кој дефинитивно во моментов ја води најважната битка во животот.

Арсенал како негов матичен клуб денеска ги потврди лошите вести и соопшти дека Кембел е во навистина тешка состојба, а истовремено порача дека сите во Северен Лондон се молат за неговото здравје.

– Сите во клубот испраќаат љубов кон Кевин Кембел и неговото семејство, по веста дека нашиот поранешен напаѓач е во многу лоша здравствената состојба. Мислиме на тебе…. , – објави денеска Арсенал.

Со слична објава се јави и Евертон, бидејќи Кембел во текот на својата кариера ги бранеше и сините бои на клубот од Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни