Поврзете се со нас

Англија

Арсенал се избори за реми против Фулам во 97 минута (ВИДЕО)

Објавено

на

Премиерлигашот Арсенал уште еднаш потврди дека е екипа од која се може да се очекува, па така откако изминативе денови оствари две убедливи гостински победи над Шефилд Јунајтед (3-0-ПЛ) и Славија Прага (4-0 ЛЕ) попладнево во последните секунди се спаси од пораз од Фулам.

„Топчиите“ ја имаа топката во своите нозе, упатија далеку повеќе удари од противникот, меѓутоа малку фалеше да бидат поразени на „Емирејтс“. Гостите го отворија резултатот во 59 минута го голот на Маџа од пенал.

Избраниците на Артета се обидуваа да се вратат по овој удар, создадоа шанси, но до гол дојдоа дури во 97 минута кога Енкетија го пронајде патот до мрежата на Ареола.

Арсенал со 46 бода е на 9 место на табелата, Фулам со 27 е на 18, поточно во зоната за испаѓање од елитната конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни