Поврзете се со нас

Англија

Арсенал рутински го совлада Лутон и ќе преноќи на првото место во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал во најмала рака ќе преноќи како првопласиран тим на табелата во Премиер лигата, откако вечерва без никакви проблеми и рутински се справи со Лутон.

Микел Артета му даде одмор на Букајо Сака кој поради повреда не го доигра дербито со Манчестер Сити, но Смит Роу заврши одлична работа на негово место и беше еден од најактивните во првиот дел.

„Десетката“ на Арсенал ја украде топката по која тргна контрата за водство од 1:0, акција во која исто така учествуваа и Каи Хаверц и Мартин Одегард.

Норвежанецот погоди со својата посилна лева нога и го донесе Арсенал во водство, а пред крајот на првиот дел, водството беше зголемено.

Смит Роу повторно беше во главна улога и додаде пред гол линијата, а таму Хашиока несмасно реагираше и си постигна автогол за 2:0. Со овој резултат се замина на полувреме, но Арсенал се задоволи со комотната предност и до крај без проблеми го сочува водството.

Со новите три бода, „топчиите“ го минаа Ливерпул и ќе преноќат на првото место, но „црвените“ утре влегуваат како големи фаворити во дуелот со Шефилд Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни