Поврзете се со нас

Англија

Арсенал прв повлече нога, одигра пријателска средба и до врв ја наполни мрежата на Чарлтон (Видео)

Објавено

на

Додека останатите клубови во Премиер лигата играат меѓусебни натпревари во рамките на самиот тим, од Арсенал отидоа чекор подалеку.

Имено, „топчиите“ во текот на вчерашниот ден одиграа пријателски натпревар против тимот на Чарлтон на кој славеа со убедливи 6:0.

Избраниците на Артета се подготвуваат за враќањето на терените и првиот официјален натпревар по рестартирањето на Премиер лигата кој им е закажан за 17 јуни кога ќе се сретнат со тимот на Манчестер Сити.

Стрелци на головите за Арсенал на оваа пријателска средба беа Лаказет, Обамејанг, Вилок, а три пати мрежата на Чарлтон ја тресеше младиот Еди Нкетија.

Што се однесува до другите клубови од Премиер лигата, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Челси на своите стадиони одиграа интерни средби на кои тренерите можеа да ја увидат подготвеноста на играчите по паузата од речиси три месеци без фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни