Англија
Арсенал преговара со Баерн за трансфер на крилен напаѓач

Фудбалерите на Арсенал се фокусирани на реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но спортскиот менаџмент веќе сериозно работи на трансферите кои треба да го освежат тимот на Микел Артета следната сезона.
Германски „Скај Спорт“ објави дека „топчиите“ почнале активни преговори со Баерн Минхен за трансфер на Кингсли Коман, крилниот напаѓач кој не е во прв план по доаѓањето на Венсан Компани на клупата на бундеслигашот.
Клубови од Саудиска Арабија се главна конкуренција на Арсенал во преговорите за Коман, но премиерлигашот се надева дека Французинот сепак ќе избере да остане во Европа и да се бори за важни трофеи со тимот предводен од Артета.
Баерн и Коман се на сличен став дека нивната соработка треба да заврши летово, што значи дека клубот и фудбалерот работат во иста насока, а тоа е обезбедување трансфер кој ќе ги задоволи сите инволвирани страни.
Французинот дојде во Баерн во 2015 година и веќе цела деценија е член на германскиот великан, со кого стана и европски клупски шампион.
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија3 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Македонија13 часа
Митревски го најави вечното дерби против Вардар: Победникот ќе направи важен исчекор кон титулата
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)