Поврзете се со нас

Англија

Арсенал постигна четири гола за 25 минути и го испразни „Брамал Лејн“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал е немилосрден во Премиер лигата во последно време и сериозно ја билда гол-разликата, фактор кој на крајот може да биде и пресуден во тесната битка за титулата.

Откако постигна шест гола во мрежата на Вест Хем, пет против Барнли и четири против Њукасл, „топчиите“ денеска продолжија во страшен ритам и на „Брамал Лејн“ и буквално почнаа да го празнат стадионот на Шефилд Јунајтед по само 25 минути игра.

Избраниците на Микел Артета постигнаа четири гола до 25-та минута и навивачите на Шефилд почнаа да си заминуваат од трибините, што доволно говори какво понижување почувствуваа навивачите на последниот тим на табелата.

Одегард го отвори резултатот, Богл си постигна автогол, Мартинели во 15-та минута погоди за 0:3, а во 25-та веќе беше 0:4 по погодокот на Хаверц.

Серијата не застана тука, Арсенал постигна уште еден гол преку Деклан Рајс, па на полувреме се замина со неверојатен резултат 0:5.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни