Поврзете се со нас

Англија

Арсенал понудил 60 милиони евра за англиски репрезентативец, Астон Вила со категорично „НЕ“

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Крајот на зимскиот преоден рок носи големи непознати и одредено нетрпение кај сите менаџери во Европа, особено во ситуација кога останува малку простор за реакција на трансфер пазарот.

Токму такво нешто му се случува на Унаи Емери во текот на денешниот ден, бидејќи откако дозна дека Џон Дуран преговара со Ал Наср за трансфер во Саудиска Арабија, Астон Вила како клуб морала да одбие уште една примамлива понуда.

Како што јавуваат угледните англиски медиуми, Арсенал денеска испратил официјална понуда за англискиот репрезентативец Оли Воткинс, меѓутоа Астон Вила експресно ја одбила истата.

Иако станува збор за примамлива понуда од 60 милиони евра, клубот од Бирмингем смета дека потегот на Арсенал е целосно непристоен, од едноставна причина што се работи за предоцна фаза во зимскиот преоден рок, што прави да нема многу време за реакција.

Истовремено, Астон Вила се брани и од нападите на Ал Наср кој подготви 75 милиони евра за Дуран, па останува да се види дали Унаи Емери ќе може да смета на своите двајца фантастични напаѓачи и на стартот на месец февруари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни