Поврзете се со нас

Италија

Арсенал остана со празни раце, Јувентус ја добива трката за италијанскиот репрезентативец

Објавено

на

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус ја добива битката во трката со Арсенал по потписот на репрезентативецот на „аѕурите“, Мануел Локатели.

Фудбалерот на Сасуоло зад себе остава одлична сезона која ја круниса со сосема солидни партии на Европското првенство, па не чуди интересот за неговите услуги од двата европски гиганти.

„СпортМедијасет“ пишува дека Јувентус е многу блиску до договор со Сасуоло според кој фудбалерот првично ќе пристигне во Торино како позајмен, а потоа Јуве ќе има обврска целосно да му го откупи договорот.

Јувентус нуди помала понуда од Арсенал, но желбата на играчот била да остане на „чизмата“ и да потпише договор со торинскиот клуб.

Арсенал испратил понуда до Сасуоло во висина од 45 милиони евра за истата потврдија и од самиот клуб, додека Јувентус ќе исплати максимум 35 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни