Поврзете се со нас

Англија

Арсенал остана непоразен на „Енфилд Роуд“ и ја задржа лидерската позиција во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Екипата на Арсенал и по 18. коло ќе остане лидер во Премиер лигата и тоа откако вечерва остана непоразена во дерби соочувањето со Ливерпул на „Енфилд Роуд“.

Во еден супер интересен, динамечен меч двете страни ги поделија бодовите играјќи 1-1 и тоа со голови постигнати во првото полувреме.

Арсенал го зададе првиот удар и тоа преку дефанзивецит Габриел кој го матираше Бекер во 4 минута. Домаќините соодветно одговорија и тоа преку нивниот најдобар играч Салах кој во 29 минута даде гол за огромна радост на трибините.

Ова за африканецот беше 151 погодок во најсилната англиска конкуренција со што е на десетто место на вечната листа на стрелци во ПЛ.

Во вториот дел најубавата шанса за промена на резултатот ја пропушти Александар-Арнолд кој при една контра водена од Салах доби топка која требаше рутински да ја спроведа во мрежата, ама тој ја погоди само рамката од голот.

„Топчиите“ имаат 40 бода, Ливерпул има еден помалку, поточно исто колку и Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни