Поврзете се со нас

Англија

Арсенал официјално се засили со шпански репрезентативец

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Можеби преговорите траеја подолго од она што посакуваа фановите на Арсенал, но премиерлигашот денеска го потврди ангажманот на шпанскиот репрезентативец за кого се интересира уште од завршувањето на ЕП во Германија.

Нов член на „топчиите“ од денеска е Микел Мерино, фудбалер кој доаѓа од редовите на Реал Сосиедад и кој може да го чини Арсенал нешто повеќе од 30 милиони фунти.

Мерино потпишал 4-годишен договор, а за неговиот трансфер Арсенал да обврзал да плати иницијални 27,4 милиони фунти, додека уште 4,2 милиони фунти може да бидат исплатени преку активирање одредени бонуси.

Играчот за врска беше дел од националниот тим на Шпанија кој го освои ЕП, настапи на сите седум натпревари, а постигна и важен гол во четвртфиналето против домаќинот Германија.

Мерино стана второ засилување за Арсенал летово, откако претходно беше доведен и Рикардо Калафиори од Болоња, а клубот го откупи и договорот на Давид Раја од Брентфорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни