Поврзете се со нас

Англија

Арсенал не успеа да го „скрши“ тврдиот Брајтон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Фудбалерите на Арсенал не успеаа да ги освојат трите бода на соочувањето со Брајтон во последниот натпревар од денешната програма во Премиер лигата.

Брајтон е најтврдиот тим во најсилната англиска фудбалска конкуренција и потврда за тоа е што со вечерашниот резултат 1-1 дојде до десеттото реми во шампионатот.

Има само еден пораз на домашен терен и тоа од Кристал Палас што јасно говори дека е тешко да се игра на „Амекс“. Гостите од Лондон водеа од 16 минута со погодокот на талентираниот Нванери, предност која беше активна до 61 минута кога Жоао Педро со удар од белата точка израмни на 1-1 што на крајот се покажа како конечен резултат (ОВДЕ можете да ги погледнете погодоците)

На ова реми дефинитивно се радува лидерот Ливерпул кој сега има пет бода повеќе од „топчиите“, ама и два натпревари помалку што значи дека има можност да се стекне со двоцифрена позитива во трката за пехарот.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни