Поврзете се со нас

Италија

Арсенал не е единствениот кој му се заканува на Јувентус: Два премиерлигаши ни дишат во врат

Објавено

на

Џовани Карневали вчера попладне испрати ултиматум до Јувентус околу ангажманот на Мануел Локатели, фудбалерот кој импресионираше со својата храброст и настапите на Европското првенство на кое неговата селекција стигна до златниот медал.

Младиот играч за врска се претвори во големата мета на неколку големи клубови, па иако негова желба е да заврши во Торино, директорот на Сасуоло уште еднаш потенцираше дека Јуве ќе мора да направи исчекор и да испрати подобра понуда од онаа почетната од 30 милиони евра, бидејќи дури два премиерлигаши им „дишат во врат“.

Оперативецот на Сасуоло доцна во ноќта се јавил со нова изјава за „Скај Спорт Италија“, обраќање при кое порачал дека во текот на денешниот ден ќе седне на маса со одговорните лица од Јувентус.

– Едно е јасно, Локатели сака да се приклучи на Јувентус. Сепак, Јувентус како клуб треба да постигне договор со нас. Ќе видиме дали ќе ги добиеме вистинските услови за реализација, ако не се случи тоа, ќе остане со нас. Ќе зборуваме со Јувентус во текот на денот.

– Локатели има понуда од Арсенал и уште еден англиски клуб се вклучи во трката и ни дишат во врат. Мора да донесе одлука, или пак на крајот, да остане со нас, – вели Карневали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни