Англија
Арсенал на крајот може да излезе како победник од ситуацијата со Обамејанг: Интер им нуди одлична размена на играчи
Голема е веројатноста Арсенал по крајот на оваа сезона да остане без својот најдобар фудбалер, Пјер Емерик- Обамејанг.
Габонецот има само уште една година од договорот со „топчиите“ и тие доколку сакаат да заработат на неговиот трансфер ќе мора да го продадат ова лето.
Сумата за која се шпекулира дека ќе биде барана од Арсенал е меѓу 40 и 50 милиони евра, а англиските медиуми сега пишуваат дека Интер е подготвен за директна размена на играчи.
Антонио Конте го посакува Обамејанг во своите редови како замена за Лаутаро Мартинез кој би заминал во Барселона и смета дека искусниот офанзивец ќе биде одличен партнер на Лукаку во нападот на Интер.
Токму затоа, како што пишува „Дејли Мејл“ од Интер на Арсенал ќе го понудат Мауро Икарди кој оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во редовите на ПСЖ.
И францускиот клуб ќе сака да го задржи Аргентинецот, но и Арсенал веројатно ќе се согласи на ваква трампа, па нема да штеди пари за неговата плата што значи постои голема можност ова лето да видиме нависитна интересна размена на играчи на релација Милано- Лондон од која двата клуба веројатно ќе имаат придобивки.
-
Англијапред 20 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 22 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)