Арсенал со лекција за Фиорентина (Видео)

Nketija

Арсенал беше убедлив во дуелот против Фиорентина (3:0) и ја оствари својата втора победа на Интернационалниот куп на шампиони.

Премиерлигашот стартуваше со сериозно подмладен состав, но и тоа не беше проблем за Нкетија да го постигне голот со кој ја отвори серијата, за во 65. минута истиот играч да го зголеми водството на Арсенал. Во завршницата Вилок ги постави конечните 3:0 на стадионот во Шарлот и ја потврди добрата форма на составот на Унај Емери.

Facebook Коментари