Поврзете се со нас

Англија

Арсенал купувал чорапи од продавницата на Челси, Англичаните засрамени од вчерашното дерби

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ArsenalWFC

Челси го победи Арсенал во вчерашното големо дерби на женската Премиер лига, но натпреварот започна со триесет минути задоцнување и предизвика многу негативни коментари.

Фудбалерките на Арсенал се појавиле на теренот со бели чорапи, нешто што се коси со правилата поради комбинацијата на другиот дел од опремата, па одговорните решиле да остават простор од половина час за почеток на мечот.

Решението било гостинската екипа да си купи црни чорапи од официјалната продавница на Челси и со нив да го одигра натпреварот. За ситуацијата да биде побизарна, гостинките морале да покриваат дел од чорапите со лепенки, за да не се гледа логото на производителот кој е спонзор на ривалскиот клуб.

Легендарниот Иан Рајт за англиските медиуми истакнал дека она што се случило е засрамувачко за англискиот фудбал и клубовите не смееле да дозволат ваков проблем.

Челси го добил натпреварот со 3:1 пред над 30.000 фанови кои морале да чекаат половина час подолго за почеток на мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни