Англија
Арсенал конечно се ослободи од Колашинац, Босанецот експресно направи трансфер (Фото)

Сеад Колашинац реши предвремено да го раскине договорот во Арсенал со цел да престане да биде товар на клубот, а како што можеше да се очекува, во исто време беше претставен како ново зимско засилување за Марсеј.
Францускиот клуб информираше дека го ангажира искусниот лев бек кој пристигнува во Марсеј како слободен агент, неколку часа по веста дека тој е слободен за трансфер по прекинот на соработката со „топчиите“.
Арсенал на овој начин конечно се ослободи од фудбалерот кој оваа сезона беше трет избор на левата бековска позиција, бидејќи Артета во прв план ги стави Тирни и Нуно Тавареш, двете засилувања од последните два летни преодни рока.
Колашинац ја продолжува кариерата во Франција со потпишаниот 18-месечен договор со Марсеј, клуб кој добива искусен 28-годишен интернационалец кој претходно ги бранеше боите на Шалке.
Босанецот одигра вкупно 118 натпревари за Арсенал од 2017-та година па се до денеска, а дефинитивно неговиот престој во Северен Лондон најмногу ќе се памети по херојската реакција кога го одбрани Месут Озил и откако им се спротивстави на двајца напаѓачи со ножеви кои сакаа да ги ограбат среде бел ден.
Thank you and good luck, Sead 👊
— Arsenal (@Arsenal) January 18, 2022
From @Arsenal to 𝙈𝙖𝙧𝙨𝙚𝙞𝙡𝙚 💙💫
Let's offer a warm welcome to our newest Olympien by doing what we do best!
𝗚𝗜𝗩𝗘𝗔𝗪𝗔𝗬: follow @OM_English + RT this post for your chance to win a @seadk6 signed shirt 👇👇 pic.twitter.com/D2C6UZOyFE
— Olympique de Marseille 🇬🇧 🇺🇸 (@OM_English) January 18, 2022
-
Англијапред 7 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 17 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 5 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 15 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 13 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Италијапред 4 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Францијапред 13 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!