Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ќе пазари од Минхен: „Топчиите“ притискаат за 19 годишен фудбалер на Баерн Минхен

Објавено

на

Микел Артета нема да има голем буџет за засилувања, па ќе мора да бара алтернативни начини за да го засили својот тим.

Младиот стратег ќе добие пари само доколку продаде некој од сегашните ѕвезди на клубот, Месут Озил, Пјер Емерик Обамејанг или Александре Лаказет.

Во сегашната ситуација, Арсенал ќе се сврти кон ангажман на помлади играчи кои не чинат многу на трансфер пазарот.

Таков е  талентираниот фудбалер на Баерн Минхен, Анџело Стилер кој игра на средината на теренот.

19 годишниот фудбалер се уште нема настап за првиот тим на Баерн Минхен, па токму затоа би бил отворен за трансфер во Арсенал. Проблем во моментов би можел да претставува неговиот клуб кој сака во договорот со Арсенал да вметна „бај-бек“ клаузула, нешто за што од Арсенал во моментов не се подготвени да го преговараат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни