Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ќе награди дефанзивец со „потежок“ договор

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Актуелната форма на Арсенал е потврда дека екипата може да се бори за трофеи, а голем број стручни коментатори ја истакнуваат играта во одбрана и малиот број примени голови како еден од најважните фактори за позитивниот моментум на „топчиите“.

Другите клубови внимателно ја следат ситуацијата, веќе се појавија шпекулации дека постои интерес за Такехиро Томијасу, но премиерлигашот не планира лесно да се откаже од Јапонецот.

Напротив, Арсенал веќе подготвил понуда за продолжување на договорот, што на Томијасу ќе му донесе и подобри финансиски услови.

Актуелниот договор на Томијасу истекува во 2025 година, иако Арсенал има опција да го продолжи за уште една сезона.

Јапонецот пристигна во лондонскиот тим од Болоња во 2021 година и веќе има 71 настап за Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни