Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ќе бара замена за Жезус: Ќе ги разгледаме опциите и ќе донесеме вистинска одлука

Објавено

на

Премиерлигашот Арсенал некое време ќе биде без услугите на Габриел Жезус кој се повреди на Светското првенство по што мораше да замине на операција на коленото, зафат кој беше успешен и се пред него е период на рехабилитација.

Нема точна информација за тоа колку време ќе трае овој процес на закрепнување со тоа што се споменуваат три месеци, па како што стојат работите „топчиите“ ќе се активираат на пазарот во зимскиот преоден рок.

-Тоа влијае на тоа кои сме ние како тим затоа што тој ни дава толку многу, па што можеме да направиме потоа, кога ќе ја знаеме временската рамка [на неговото закрепнување] и кога ќе можеме да го вратиме, ќе ги разгледаме опциите и обидеме да ја донесеме вистинската одлука.

-Чувствувам дека мојот тим е навистина добар. За жал, имавме повреди и ќе се обидеме да видиме што можеме да направиме за да бидеме силни. Имаме играчи, имаме многу придружни играчи. [Прашањето е] дали имаме играчи кои можат да ни ги дадат перформансите и конзистентноста што ни е потребна да ја одржиме и подобриме од местото каде што сме? -истакна тренерот Микел Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни