Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ја продолжи катастрофалната серија на Њукасл и се врати во Топ 10 на табелата (Видео)

Објавено

на

Арсенал се мачеше во првото полувреме, но успеа да го победи Њукасл со убедливи 3:0, со што за краток период успеа втор пат да ја победи истата екипа, но овој пат во Премиер лигата.

Пјер-Емерик Обамејанг имаше големо промашување во првото полувреме, кога не погоди празен гол од неколку метри, но затоа искомпензира со погодокот во 50. минута, со кој го отвори резултатот.

Десет минути подоцна Сака го зголеми водството, а Обамејанг во 77. минута ги постави конечните 3:0 со својот втор погодок сезонава.

Арсенал ја продолжи позитивната серија со која освои многу бодови на последните премиерлигашки натпревари, па сега има 27 бодови за моментално десетто место на табелата, но и само десет бодови помалку од лидерот Манчестер Јунајтед.

За Њукасл ова е трет пораз по ред, деветти сезонава, а екипата на Стив Брус нема победа на последните девет средби во сите натпреварувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни