Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ја потврди зделката, навивачите пресреќни: Ова е нашето најголемо летно засилување (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.sportscasting.com/

Премиерлигашот Арсенал е доста активен на пазарот каде не се плаши да вложи сериозни средства за да дојде до играчите кои ги посакува, па така досега успеа да ги ангажира Каи Хаверц од Челси, Деклан Рајс од Вест Хем и Јуриен Тимбер од Ајакс.

Во меѓувреме некои од играчите потпишаа нови договори, а еден од нив донесе посебно задоволство кај сите фанови на „топчиите“. Се работи за дефанзивецот Вилијам Салиба кој денеска се обврза на договор со важност до 2027 година или поточно ја продолжи соработката за четири години.

-Ова е нашето најголемо летно засилување-

-Без никаков сомнеж, ова е најголемото засилување кое Арсенал можеше да го направи ова лето, -се дел од коментарите на подржувачите на клубот од северен Лондон.

Французинот блескаше во својата прва сезона во премиерлигашот, сезона во која по неговата повреда екипата почна да паѓа и остана без трофејот во Премиер лигата.

Тој во иднина ќе го носи дресот со бројот 2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни