Арсенал ја неутрализираше предноста на Рен, Интер елиминиран од Ајнтрахт (Видео)

arsenal-ren

Интер остана без можност да се бори за трофејот во Лига Европа, откако загуби пред своите фанови од Ајнтрахт, додека Арсенал со посакувани 3:0 ја надополни негативата од првата средба и го елиминираше Рен во второто осминафинале кое беше решено без продолженија.

Арсенал влезе фуриозно во реваншот против францускиот ривал, па уште во 5. минута Обамејанг го отвори резултатот. Метланд-Најлс зголеми на 2:0, а решавачкиот момент се случи во 72. минута кога Обамејанг со вториот погодок ги постави конечните 3:0. Рен не успеа до крајот да извлече барем продолженија, па победата од 3:1 од првата средба не беше доволна за четвртфинале.

Интер не само што одигра 0:0 на првата средба во Германија на која Брозовиќ не реализираше пенал, туку вечерва загуби со 0:1 и тоа со голот на Јовиќ погоди за Ајнтрахт уште во 6. минута на средбата.

Вилјаеал вторпат го победи Зенит, овојпат со 2:1 и сосема залужено ќе биде уште еден шпански претставник во четвртфиналето на Лига Европа. Морено и Бака беа стрелци за домаќините, додека Ивановиќ го постигна единствениот гол за рускиот тим.

 

Facebook Коментари