Поврзете се со нас

Англија

Арсенал и официјално го ангажираше Раja

Објавено

на

Арсенал го доведе голманот Давид Раја од Брентфорд, откако шпанскиот голман минатата сезона ја мина на позајмица во лондонскиот клуб.

Арсенал ја искористи шансата и ја активираше откупната клаузула од 27 милиони фунти за купување на 28-годишниот шпански голман, објави Би-Би-Си.

Раја минатата сезона во Премиер лигата прими само 16 гола, а на 16 првенствени натпревари не прими гол. Минатата сезона одигра вкупно 41 натпревар во сите конкуренции, а на 20 меча ја сочува мрежата чиста.

„После една година на позајмица, сега конечно можам да кажам дека сум играч на Арсенал, во следните неколку години. Мојот сон се оствари“, изјави Раја.

Откако го замени Арон Рамсдејл на голот, Шпанецот стана еден од најважните играчи во тимот на тренерот Микел Артета.

Лани Арсенал до самиот крај беше во борба за титулата во Премиер лигата, а сезоната ја заврши со два бода помалку од шампионот Манчестер Сити.

Арсенал натпреварувањето во Лигата на шампионите го заврши во четврт-финалето со пораз од Баерн Минхен со вкупен резултат 2:3.

“Давид минатата сезона ни покажа колку е важен играч за нас и задоволни сме што сега и официјално е наш играч. Неговото присуство во соблекувалната значи многу. Имаме талентирана група голмани и сакам да гледам однос каков што имаме меѓу голманите во тимот“, рече Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни