Арсенал го прозва Остерсундс, најголемото изненадување во Лига Европа со урнебесен одговор го истрола Венгер (Видео)

wenger-jakna-roze

Арсенал во 1/16 финалето во Лига Европа за противник го доби големото шведско изненадување Остерсундс, а ако првично епилогот од ваквата ждрепка предизвика многу реакции поради тоа што Арсен Венгер е подолго тренер на Арсенал отколку што постои овој клуб од Скандинавија, сега во прв план се најде една објава, односно одговор на социјалните мрежи.

„Топчиите“ преку својот официјален Твитер профил го тагнаа Остерсундс и порачаа дека со нетрпение ја очекуваат пресметката во Лига Европа, на што следеше урнебенсен одговор при кој во фокусот се најде Арсен Венгер, односно неговиот проблем со патентите и јакните на „Пума“.

– Се гледаме на „Јамткрафт“ арена во февруари! Ве молам уверете се дека Венгер ги има решено проблемите со јакната пред да отпатува за Шведска, во Остерсунд ќе биде ладно, – гласи комичната објава на шведскиот прволигаш.

Facebook Коментари