Арсенал го прекина заемот на Илиев и го испрати во Полска (Фото)

deni-iliev

Дејан Илиев првиот дел од актуеланта сесзона го мина во словачкиот клуб Серед, но сега Арснеал одлучи да го прекине овој заем и да го испрати македонскиот чувар на мрежата во Полска.

Откако самиот фудбалер ги прифати понудените услови, оваа вечер беше и официјално промовиран во полскиот прволигаш Јагелонија, па така Илиев вториот дел од сезоната ќе го мине во друга средина.

Македонскиот репрезентативец позираше со новиот дрес и изјави дека ја избрал Полска како дестинација поради Кристијан Белик кој исто така е во сопственост на Арсенал, а во Јагелонија сигурно ќе ја добие минутажата која не може да си ја обезбеди во англискиот премиерлигаш.

Facebook Коментари