Поврзете се со нас

Англија

Арсенал го избрал новиот спортски директор и наследник на Еду

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Паралелно со обидите на екипата да избори што подобар пласман во повеќе натпреварувања, менаџментот на Арсенал решава и важно прашање околу новиот спортски директор.

Заминувањето на Еду отвори неочекуван проблем за „топчиите“, а по разгледувањето на повеќе опции изминатиот период, изборот паднал на Андреа Берта.

Доскорешниот спортски директор на Атлетико Мадрид очигледно за краток период ќе добие нова работа, а во иднина би требало да му помага на Микел Артета во планирањето на ростерот и трансферите.

Италијанецот Берта го добил местото во конкуренција на повеќе истакнати имиња, а првпат ќе работи во Премиер лигата откако во Атлетико извршуваше важни функции уште од 2013 година.

Одредени поместувања во менаџментот на Атлетико го натераа Берта да се повлече од функцијата пред да му истече договорот, а по само неколку месеци тој е блиску до промоција во Лондон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни